Откако Шакира ги спомена во новата песна се огласија од Касио и Рено, реакциите го „запалија“ Твитер

422

Не запираат реакциите во светот кои ги предизвика новата песна на Шакира во која пејачката го прозива поранешниот сопруг Жерард Пике.

Споредбата која ја направи во песната, а каде споменува брендови доведе до тоа да се огласат токму од Касио и Рено.

Од Касио ја коментираа песната на Шакира преку официјалниот Твитер профил на Division Educativa.

-Добивме многу известувања поради споменувањето на Касио во песна. Касио се за целиот живот, стои во објавата.

На Твитер се појави и Касио профил на кој се објавуваат разни шеги и прозивки упатени кон Шакира.

-Шакира, ние можеби не сме Ролекс, но јасно е дека нашите купувачи се верни. Батеријата на Касио часовниците трае подолго од врската на Шакира и Пике, се само дел од коментарите.

Преку истата социјална мрежа се огласија и од Рено. Објавија фотографија од Твинго со број „22“ и коментар „За типови и типки како тебе. Попушти го звукот“, алудирајќи на делот од песната на Шакира каде таа пее „волчица како мене не е за тип како тебе“.