Во Ирска живеат 4 милиони луѓе, кои водат многу поразличен начин на живот, отколку ние во Македонија.
Но, не е сè комплетно различно. Покрај тоа што се мала држава како нас, Ирците имаат уште некои сличности со Македонците.

Постојат две работи во кои Ирците и Македонците многу си наликуваат:
Мали разговори за семејство и времето
Во Ирска, како и во Македонија, луѓето обожаваат да ги имаат оние мали разговори околу тоа каде биле вчера, што ќе прават денес, каков им е планот за утре.
Потоа ги поставуваат истите прашања, но за брат им, сестра ми, мајка им, партнерот итн. Прашањата се во наш стил – „А што прави мајка ти?“.
Исто така, има и долги разговори за временската прогноза.

Збогување кое трае и трае
Како и на нас, збогувањето им трае со часови. Кога ќе речат дека е време за „збогум“, најверојатно ќе минат уште најмалку 10 минути во разговор. Па ќе кажат дека тргнуваат повторно, па пак ќе се замуабетат итн. Познато, зарем не?








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















