Ќерка на македонски политичар уапсена за шверц на дрога на Миконос

848

Познатa инфлуенсерка од Македонија, ќерка на политичар е уапсена на Миконос за учество во криминална банда која дилала кокаин и марихуана во дискотеки на овој грчки остров, објави грчка Прототема.

Во групата на Миконос, како што открива грчкиот медиум, покрај 21-годишна девојка, учествувал и 34-годишниот водач на скопскиот картел и неговата десна рака и 35-годишник, уапсен е и познат либански диџеј од добро ситуирано семејство, кој постојано живее во Атина, а во летните денови се сели во Миконос, тој купувал кокаин од скопската банда.

Според информациите на protothema.gr, полицијата извесно време ја следела бандата. Она што е јасно е дека членовите на бандата од Скопје имале различни улоги.

„34-годишникот како водечки член, по негова наредба и под негово водство, ги упатувал своите соучесници каде да ја чуваат дрогата, како и начинот на кој ќе ја направат достапна на пазарот со собирање на парите од продажба, додека 35-годишниот со помош на импресивната 21-годишна инфлуенсерка, чиј татко е политичар од соседната земја, а мајка адвокатка, работеле на пронаоѓање клиенти, пишува Прототема.