Македонскиот поп-пејач, Александар Тарабунов на својот Инстаграм профил објави дека вчера бил уапсен во Битола.
Имено, пејачот вчеравечер имал настап во некој битолски локал, што можело да се види и на неговиот Инстаграм профил. Споделени биле видеа од тамошната атмосфера, каде имало многу негови фанови.
Кон крајот на вечерта Тарабунов објавил дека бил уапсен:
„Вчера вечерта бев уапсен во Битола каде што настапував, како да сум најголем криминалец. Со лисици, со туркање во комбе ме однесоа во станица, буквално за ништо. Изрежираа дека се противам на началникот и дека немам лична карта, иако се обидов да ја покажам и заедно со сопственикот на локалот сè држеа до 8 сабајле. Спијте мирно луѓе, нема веќе криминал, се’ е решено, напиша Тарабунов на својот инстаграм профил“.
















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















