Реџепи е новиот Амди Бајрам, изјави за ТВ 21 лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето како го коментира пишманењето на пратеникот од Беса Кастриот Реџепи, кој донесе одлука да не гласа за паѓање на Владата.
Мицкоски, кого новинари го затекнаа како доаѓа во Собранието, „од нога” рече дека Кастриот Реџепи е новиот Амди Бајрам. Потоа, додаде: „Нека му е лесна земјата” (за Бајрам).
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека доаѓа од факултет каде имал предавања и рече дека сѐ уште не ги знае сите детали поврзани со седницата.
Инаку, Реџепи денеска не се појави во Собранието на Македонија, со што бројот на пратеници кои ќе гласаат за паѓање на Владата се намали на недолволни 60 гласови.
Реџепи преку својот Фејсбук профил напиша дека решил да не доаѓа во парламентот зашто на прво место му е интересот на народот и на државата.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












