Кој ги зрачи американските амбасади? ЦИА повлече свој службеник од Србија поради симптоми на „Хаванa синдром“

634

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) го повлече својот вработен од Србија поради невролошки симптоми, кои се сметаат за манифестација на „Хаванскиот синдром“, јави Волстрит Џурнал.

Инцидентот е еден од најновите случаи во кои американски претставници во странство се жалат на здравствени проблеми.

– Имаше неколку други случаи (со слични симптоми) во последните 90 дена, изјави за весникот Џејмс Џордано, професор по неврологија на Универзитетот Џорџтаун.

Тој додаде дека извештаите за овие случаи се сметаат за веродостојни бидејќи содржат „проверени здравствени показатели“ и се регистрирани и во САД и во странство.

Во август 2021 година, друг „абнормален здравствен инцидент“ можно е да погодил двајца американски владини претставници во Ханој, според американската амбасада во Виетнам. Епизодата го одложи заминувањето на американската потпретседателка Камала Харис од Сингапур во Виетнам.

Хаванскиот синдром е серија невролошки симптоми кои вклучуваат вртоглавица, гадење, главоболки и проблеми со слухот забележани во ноември 2016 година кај некои вработени во канадската и американската амбасада во Хавана и нивните семејства. Американските власти оценија дека станува збор за насочен напад врз нивните дипломати со користење на звучно оружје.