Една од најубавите жени на Холивуд имала само осум години кога дознала дека нејзин татко е музичката легенда.
Лив Тајлер, која се прослави со улогите во филмовите „Господар на прстените“ е ќерка на Стивен Тајлер, фронтменот на култниот бренд „Aerosmith“. Тоа сепак не го знаела цел живот.
„Тоа е многу емотивна приказна“, изјавила актерката пред две години во една емисија.

„Мојата мајка беше многу млада кога ме добила и имала некои двоумења, но бев многу сакана и цело мое семејство се грижеше за мене, а тоа беше прекрасно“.
Лив, чија мајка е американската пејачка Биби Бјул, објаснила дека сама сфатила кој е нејзиниот татко и пред официјално да ѝ кажат, а за сè е виновна емотивната средба во текот на некој концерт.
„На некој начин сфатив, поради тоа што изгледаше како мене“, изјавила Лив.

„Мојата сестра Миа која една година е помлада од мене и јас стоевме на различни страни на концертот и тоа беше буквално како да гледам во својата близначка“.
Таа со поглед побарала потврда од својата мајка која како да ѝ ги прочитала мислите.
„Изгледаше исто како јас. Ја погледнав мајка ми, а нејзините очи беа полни со солзи и на некој начин сè поврзав“.


















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















