Димовски: Ова денес беше неправда, нееднаквост и безвластие во повеќе чекори

629
За Уставот, Деловникот и законите…
За Собранието и протоколите…
Собранието е највисок државен орган…
Собранието работи исклучиво по Уставот на Република Македонија (кој се гласа со 2\3 мнозинство), Деловникот за работа (кој се гласа со апсолутно мнозинство) и предметни закони…
Собранието ја контролира и врши надзор на работата на Владата…
➡️ Владата нема право и не смее на никаков начин да ја регулира и насочува работата на Собранието…
➡️ Никаков Протокол или било каков правен акт донесен од Владата или нејзин орган или тело, не може и не смее да биде основа за не\постапување во Собранието или за било какви ограничувања или овластувања во неговата работа..
Или за оправдување….
Според македонскиот Устав и уставната поставеност на законодавната и извршната власт, предметниот Протокол не смее и не може да се зема во предвид…
Тој е акт на орган кој не само што по хиерархија е под Собранието, туку и е орган за чија работа и постапување Собранието врши надзор…
Попрактично да објаснам, ова е како со акт на Основен суд од Берово да се регулира или насочува не\постапување на Врховен суд на Република Македонија…
Затоа повикувањето на Протоколот од страна на власта (иако и за тоа не се во право, зошто Протоколот дозволува ваков третман само за пратеници во изолација без симптоматологија на Ковид 19) е беспредметно и е кршење на Уставот…
Законите и Уставот читајте ги…
За овој случај, требало само тие да се земат во предвид…
Ако пратеникот (или било кој друг) крши закон, Протоколот (или било кој друг акт од Владата или нејзи орган или тело) ниту формално правно не може да е изговор…
Државните органи, јавните или приватните здравствени институции, службените лица во Собранието или било кој друг морале да ги почитуваат Уставот и законите…
Истото важи и за пратениците…
Во нивната работа единствен имунитет имаат за искажан став или произнесување на седница на Собрание или негови работни тела…
И толку…
Собранието вака се подведува (свесно или не) под вољата (добронамерна или не) на Владата…
Утре луѓе од извршната власт (оваа или некоја следна) ќе измислат друг протокол со кој ќе не\овозможат правила за не\постапување на некоја друга тема или проблематика во Собранието…
Собранието е највисок орган и работи според Устав, Деловник и закони, и ништо друго!
Ова денес беше неправда, нееднаквост и безвластие во повеќе чекори…