Италијанските медиуми се убедени дека Џенаро Гатузо од следната сезона ќе ја презеде клупата на Фиорентина.
Предводникот на Наполи е на „тенок мраз“ во клубот веќе неколку месеци, а доколку тој пронајде заеднички јазик со „виола“ од Неапол нема да имаат ништо против да го пуштат да замине. Тоа би значело дека Ељиф Елмас ќе добие нов менаџер од лето, па и трет пат ќе треба да се докажува во Наполи.
Гатузо нема сјајни односи со претседателот Аурелио Де Лаурентис, нов договор сè уште е далеку и многу веројатно е неговото заминување. Фиорентина на Роко Комисо пак е спремна да му ја довери клупата на поранешниот фудбалер на Милан, а преговорите наводно се одвиваат одлично.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























