Претставувајќи се како директор на различни фирми, затвореник од затворот „Идризово“ измамил седум лица и ги оштетил за 315 илјади денари.
Според информациите од полицијата, станува збор за 34-годишен скопјанец со иницијали Б.А..
Во периодот од 2.7.2019 до 13.2.2020, додека бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ – Скопје, преку мобилен телефон лажно се претставувал како сопственик или раководител на различни фирми и лицата К.Б.(65), С.К.(47), Џ.Л.(55) од Тетово, А.Х.(36), Ј.М.(67) од Скопје, С.С.(40) од с.Џепчиште и М.Б.(62) од с.Беловиште ги довел во заблуда дека неговата фирма деловно ќе соработува со нив и од нив успеал да земе парични средства, велат од МВР.
Со ваквото дејствие, како што соопшти полицијата, причинета е материјална штета од околу 315.000 денари.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















