Досега непознати сторители провалиле во три магацини на Бијонсе и украле предмети во вредност од повеќе од милион долари.
Пејачката овој месец била двапати на удар на крадци, а и биле украдени скапи чанти и фустани, пишува ТМЗ. Меѓу украдените предмети од магацинот има фотографии, детски играчки и чанти на еден од нејзините стилисти.
Бијонсе не е единствената sвезда што неодамна ја ограбиле. Имено, неодамна непознати сторители украле облека, семејни фотографии и некои лични работи од магацинот на Мајли Сајрус. Иако сторителите не се идентификувани, некои од нејзините работи веќе се пронајдени.











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)



















