Пејачката Калиопи проговори за тажната вест која ја потресе јавноста – за смртта на единствениот Зафир Хаџиманов.
Калиопи се присетила на деновите кога го запознала и со гледачите споделила дека тогаш имала само девет години и го нарекувала – „чичко“.
„Зафир Хаџиманов го запознав на првиот фестивал на кој што настапував кога бев дете. Тогаш имав девет години, беше тоа 1976 година, а Зафир беше водител. Тогаш го нарекував „чичко Зафир““, изјавила Калиопи во емисијата „Kec na jedanaest“ во која што се вклучила од својот дом од Скопје.

„Не можев ниту да сонувам дека еден ден со него ќе бидам на сцена и дека повеќе нема да го викам „чичко“ туку Зафир. Тој е многу повеќе од тоа што во уметничка смисла остави зад себе. Зафир е прекрасен човек, пријател и колега на кој секогаш можеше да му се обратиш“.
Инаку, Зафир во младоста важел за еден од најубавите мажи во поранешна Југославија, а тоа го потврдила и Калиопи:
„Многу жени го сакаа Зафир и мечтаеја по него, но тој ја сакаше само Сенка. Тие се пример како се чува семејството, како се негува и сака. Ви благодарам што го чувате споменот на Македонците кои што живееја со вас“, изјавила Калиопи за телевизијата „K1“.