Поранешниот бразилски репрезентативец Хулк ослабнува и до пет килограми во текот на еден натпреват, а се поради тоа што многу се поти.
Хулк моментално игра во својата татковина за Атлетико Минеиро, а клупскиот директор објаснил на што се должи губењето на килограмите на овој играч.
„Хулк многу се поти, тоа не е ништо лошо. Всушност, спортистите кои што многу се потат, користат најефикасни механизми за ладење на телото, а тоа се случува со потење“, изјавил експертот.

Тој исто така нагласил дека Хулк треба да пие многу вода и дека стручниот штаб на Атлетико мора да обрне внимание на тоа.
„Таа пот кога испарува, предизвикува спортистот полесно и побрзо да губи од својата телесна температура. Значи, губењето на вишокот килограми со дехидратација низ потењето не е толку голем проблем. Потребно е само да е обрне внимание на хидратацијата на овој играч“, истакнал докторот.

Според зборовите на докторот, тоа ќе продолжи и во наредните натпревари:
„Нашите луѓе стојат покрај теренот со шишиња вода и кога Хулк ќе застане, веднаш добива шише со вода. Тој многу дехидрира за време на натпреварите и тренинзите, па поради тоа мора прв да се напие вода“, заклучил докторот на Атлетико Минеиро.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















