ЈСП со важно соопштение за сите граѓани

1889

Од Јавното сообраќајно претпријатие на град Скопје информираат дека од денес (1. септември) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по зимскиот возен ред, согласно одлуката за линиски превоз на патниците во Скопје.

Ажурираниот возен ред на автобусите на ЈСП, како и на приватните превозници, може да се види на интернет-страницата на ЈСП  www.jsp.com.mk.

Инаку дванаест возила кои вршат јавен превоз исклучени се од сообраќај вчера во периодот од 10 до 14 часот од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје кој спроведе акциска контрола во Скопје со цел откривање, документирање и санкционирање на прекршоци во поглед на техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.

При акциската контрола контролирани се 110 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз. При контролите констатирани се неправилности: неисправен уред за кочење, неисправни светлосно сигнални уреди, неисправен уред за управување, непродолжена регистрација и недостатоци на опрема. 25 возила кои вршат јавен превоз на патници се упатени во станица за технички преглед на дополнителни проверки. Преземени се вкупно 33 мерки за сторени прекршоци, односно издадени се 15 прекршочни платни налози и поднесени се шест барања за поведување прекршочна постапка.