Во центарот на Амстердам полицајците и граѓаните се гаѓале со снежни топки, а видеото од овој „инцидент“ ги разлути холандските власти.
Холандската влада во саботата издаде нова, зимска уредба според која, гаѓањето со снежни топки е дозволено само помеѓу членови на исто домаќинство.
Откако во текот на минатиот викенд наврна поголема количина на снег, на амстердамскиот Дам плоштад дојде до „војна“ со снежни топки помеѓу полицијата и граѓаните.
Многумина на социјалните мрежи се шегуваа, но од холандската влада порачаа дека токму полицијата треба да даде пример за тоа како се почитуваат епидемиолошките мерки воведени со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот.