Погледнете како денеска изгледа момчето од фотографијата која во 2016-та година го расплака светот

946

Поминаа речиси пет години откако светот ја виде потресната фотографија од Нигерија и на која што многумина плачеа.

На фотографијата се данската хуманитарка Ања Рингрен Ловен и ненахранетото и болно тригодишно детенце кое што останало на улица.

Фотографијата на која што Ања на момчето му дава вода да се напие го обиколи светот, па во краток временски период се собраа околу два милиони долари помош за детенцето.

Ања ова малечко момче го одвела во кампот каде што му била дадена соодветна помош, а здравствената состојба на детето била толку многу лоша што не се знаело дали истото ќе преживее.

Инаку, неговите родители го оставиле на улица каде што со денови лутало гладно и болно, а се претпоставува дека било напуштено затоа што родителите биле убедени дека е „демон“.

Четири години подоцна, Ања е неговата мајка, а момчето е здраво, живо и посреќно од кога и да е. Го добило името Хоуп (надеж), како шанса за нов и поубав живот.

Ања исто така по него ја нарекла и новата хуманитарна организација која што ја основала – Land of Hope, а таа и денеска заедно со својата екипа се грижи и за други сирачиња во Нигерија.

Малечкиот Хоуп денеска има седум години, оди на училиште и многу е талентиран за цртање. Велат дека веќе го нарекуваат „Малиот Пикасо“ и дека некои од неговите слики веќе се продадени.

Погледнете како денеска изгледа ова дете: