Тибетскиот будизам воглавно е најпознат во западниот дел во светот преку мисијата на Далај-лама, а често се нарекува и „тантрички будизам“.
Потекнува од тантра, текстови кои содржат медитативни инструкции бидејќи основната цел на тибетскиот будизам е избегнување на желбите. Според ова учење, желбата носи страдање – доколку нема желби, нема да има ниту страдање, па затоа е потребно преку совладување на волјата и умот да се дојде до состојба во која нема желби.
Будизмот веќе со години е извор на непресушна инспирација и почетна точка за бројни размислувања, а истиот е следен и со разни истражувања.

На пример, утврдено е дека во текот на тантричките медитации доаѓа до зголемување на телесната температура, па е можно да се медитира и на многу ниски температури без никакви последици. Емпириски е утврдено и дека дишењето се забавува и тоа на 7 вдишувања и издишувања во минута.
Во согласност со ова, животот на тибетските монаси е многу интересен, а особено се издвојува еден од ритуалите на иницијација.
Кога пристапуваат кон редот, сите монаси добиваат едно камче кое секогаш мора да го носат со себе, а со камчето и една задача – најмалку еднаш дневно да го вртат во својата дланка и да го изговорат сето она на кое се благодарни во животот.

На почетокот, бројот на зборови кои ги изговараат во својата секојдневна задача е мал, но со вежбите, растот на духот, воочувањето на светот околу себе и се поголемото сфаќање на суштината на нашето постоење, бројот значително се зголемува, а вклучува се што еден обичен човек го смета за обично и работите на кои често заборава дека треба да биде благодарен.
По години и години практикување на ваквата вежба, монасите набројуваат и по 1000 работи поради кои се благодарни.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











