Марк Цукерберг ја презеде улогата на новинар. Директорот на Фејсбук го интервјуираше водечкиот експерт за заразни болести во Белата куќа, д-р Ентони Фаучи.
Главната тема на разговорот беа лажните вести на социјалните мрежи за пандемијата на коронавирусот и развиените вакцини против оваа болест.
Цукерберг се интересираше дали „овие вакцини можат да ја менуваат нашата ДНК или РНК“, бидејќи „ова е важна точка што треба да се разјасни“.
Тоа не може да се случи, одговори Фаучи. Како прво, ДНК е дел од јадрото на вашата сопствена клетка. Така што секој процес поврзан со вакцинацијата што доаѓа однадвор на крајот ќе биде расчистен. одговори Фаучи.













![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















