Иако станува збор за кралско семејство, и тие ги одбиваат истите прашања како и сите нови парови. Првото и најчесто поставувано прашање е, нормално, за основање на семејство. Иако војводата и војвотката од Сасекс прилично успешно ја чуваат својата приватност, сепак одлучиле да одговорат на ова толку често поставувано прашање.
Како што пренесува магазинот “Marie Claire”, Меган одлучила бременоста да ја остави за доцна наесен. Причината за тоа е нивното повеќедневно патување во Австралија и Нов Зеланд.
Имено, Меган сака да внимава на својата бременост што е можно повеќе, а секако, тоа не вклучува толку далечни патувања, кои можат да допринесат мачнини и непријатности, особено во првите 12 недели, во кои можноста за спонтани абортус е најголема.

Инаку, Меган наскоро ќе биде во постојана придружба на својата мајка Дорија, која, како што пренесува магазинот “Express”, планира да се пресели во Лондон, со цел да биде поблиску до својата ќерка. Наводно, веќе дала отказ на местото каде што работела во Лос Анџелес, како инструкторка по јога.
Од друга страна, Меган сè уште не остварила контакт ниту добар однос со татка си, за кој тврди дека емоционално ја уценува и непрестајно привлекува внимание со невистинити тврдења, кои се шират низ медиумите. Дури и како роденденска желба, јавно посакала татко ѝ да ја остави на мира и да престане да шири лажни вести за неа.










![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











