Успешните и стабилни луѓе имаат многу позитивни особини, а најважната е совесност. Совесните личности се внимателни кога работат нешто, грижливи, педантни и сакаат се да одработат како што треба и точно. Тие се одликуваат со самодисциплина, организираност, внимателност и желба за успех.
Никогаш не доцнат, фокусирани се на извршување на своите работни задачи и секогаш се подготвени да им помогнат на своите колеги. Бројни истражувања покажуваат дека оние луѓе кои се одликуваат со совесност имаат подобри работни места и поголеми приходи.
Исто така, имале подобри резултати за време на школувањето и постабилни љубовни врски. Покрај успехот, совесните луѓе може да се пофалат и со подобро здравје. Најчесто не пушат и не пијат, и затоа имаат помалку болести и живеат подолго. Совесност е како четкање на забите, во старт спречува проблем.
Луѓето со оваа особина секогаш имаат план. Дури и кога ќе им се случи неуспех, тие веќе знаат како да се справат со него, вели Брент Робертс, психолог од Универзитетот во Илиноис.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)
























