Епл стана првата компанија на берзата коај достигна вредност од билион долари. Компанијата денеска ја достигна целта која беше незамислива во 1997 година, кога Епл беше на раб на банкрот, а акциите се движеа под еден долар.
За да преживее, компанијата на челната позиција го врати својот основач – Стив Џоб, кој потоа ги претстави популарните поризводи како ајпод и ајфон, со што доведе до подем на фирмата.
Акциите на Епл пораснаа за 2,7 отсто и достигнаа вредност од 207,05 долари. од почетокто на годинава, акциите на компанијата забележаа пораст од 22 отсто.




































