Џејсон Деруло и Џена Фрумс биле фотографирани во текот на вечерта во Лос Анџелес и така конечно ги потврдиле шпекулациите за нивната љубовна врска.
Шпекулациите за нивната љубовна врска се појавиле откако двајцата поставувале фотографии на социјалните мрежи, како го поминуваат заедно времето во карантин, а сега го потврдиле јавно тоа откако се појавиле заедно.

Парот бил фотографиран во Лос Анџелес, а и двајцата биле одлично облечени.
Џена со своето издание дефинитивно го засенила Џејсон, а ултракраткиот фустан кој што одвај ги покривал нејзините гради ги восхитил сите кои што успеале да ја видат.

„Џејсон и Џена не беа долго во врска откако почна изолацијата, но одлучија да направат сериозен чекор и не зажалија поради тоа.
И двајцата имаат авантуристички дух и се спонтани, па постојано се согласуваат добро. Џејсон подолго време не сакаше да се врзе за никој, особено додека беше на светска турнеја. Но ова му изгледаше како добра одлука и свесен е за тоа што му се случува моментално“ – изјавил близок извор на парот за „The Sun“.












![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











