Јелена Ѓоковиќ се насмеала на објава од една професорка која споделила анегдота од часот во кој се спомнува и Новак Ѓоковиќ.
Станува збор за професорка кој е голем фан на Новак и нејзините ученици на тој начин се обиделе да добијат повисоки оцени.
„Вистинита приказна, ова утро на еден од моите часови, зборувавме за тест поврзан со спортовите.
Ученик: Доколку кажеме дека тенисот ни е омилен спорт, дали ќе добиеме повеќе поени на тестот?
Јас: Не.
Ученик: А, доколку ви кажеме дека Новак Ѓоковиќ ни е омилен тенисер?
Јас: Не, но добар обид.
Ученик: А, што доколку кажеме дека е најдобриот тенисер на сите времиња?
Јас: И понатаму не“ – го пренела разговорот со учениците професорката.

Таа потоа ѝ се обратила на Јелена Ѓоковиќ.
„Да, се обидоа да ме подмитат. Мислам дека оваа анегдота ќе ти се допадне“ – напишала таа и ја означила Јелена.
















![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)

![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)


















