Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, синоќа изведе навистина силен состав на мегдан со третолигашот Бартон, нареди максимална сериозност и што е можно повеќе голови во мрежата на малиот клуб. „Граѓаните“ на крајот дојдоа избројаа до девет и тој резултат (9:0) покрена одредени полемик во фудбалскиот свет: Точно, битка е за финале, но дали Сити можеше барем малку да прикочи?
Пеп вели по ниту една цена, бидејќи така би покажал непочитување кон својот ривал…
„Во финале сме, тоа е најважното. А зошто постигнавме толку голови? Па тоа е најдобриот начин на противникот да му покажете колку го почитувате. Ако се опуштите, тоа значи дека немате почит за ривалот. Овој приод е најдобриот. Секако дека и вториот меч мораме да го сфатиме сериозно, не можеме да кажеме: „Ох, па тоа е Бартон“. Ако водите 4:0 и одеднаш застанете, тоа значи дека не сте го испочитувале противникот“, изјави Гвардиола и додаде:
„Сега одам на чаша вино со мојот колега од Бартон Најџел Клаф. Знам многу добро кој бил неговиот татко и колку големи работи има направено за англискиот фудбал. Ќе ми биде задоволство да поразговарам со неговиот син“, на што Клаф јуниор „шмекерски“ дофрли: „Се надевам дека нема да биде само една чаша“.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











