Најпопуларната диета која многу ја препорачуваат многу ѕвезди од светскиот шоу бизнис е диета чија главна состојка е компирот.
Оваа диета вклучува јогурт со помалку маснотии, па ако ги пратите упатствата може да изгубите и 5 килограми за три дена.
Скробот кој го има во компирот, заедно со млечните киселини од јогуртот, на телото му ги обезбедуваат потребните калории, а скробот во комбинација со вода – дава чувство на ситост.
Прв ден
Доручек: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт.
Ручек: Два варени компири без сол и една чаша јогурт.
Вечера: Две чаши јогурт.
Втор ден
Доручек: Една чаша јогурт.
Ручек: Два варени компири без сол и една чаша јогурт.
Вечера: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт.
Трет ден
Доручек: Еден варен компир без сол.
Ручек: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт.
Вечера: Една чаша јогурт.
Важна напомена: Не смеете да го заменувате варениот компир со пржени компири.
Варениот компир содржи многу витамини и минерали, како и влакна кои го забрзуваат варењето, додека јогуртот ја регулира работата на дигестивниот систем, го отстранува вишокот вода и отровите од телото.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















