Манекенката и актерката во подем, Емили Ратајковски, позната е по своите разголени изданија за црвениот тепих, но и по разголените фотографии на Инстаграм. Сепак, овојпат докажала дека може да привлече внимание и без да ја покаже кожата.
На премиерата на новиот филм „Welcome Home“, која овој викенд се одржала во Лос Анџелес, се појавила во бајковито и изненадувачко издание.

Во розова сатенска тоалета во стил на 80-тите години, од дизајнерот Прабал Гургунг, Емили изгледала како принцеза од бајките и повторно ги украла погледите иако се оддалечила од својот вообичаен стил. На нејзината фигура не ѝ наштетил дури ни неласкавиот крој, кој нагло се шири од колковите па надолу.

Но, Емили не би била Емили ако и овојпат не ја покажала барем малку кожата, со оглед на тоа дека ѝ бил гол грбот, со моден детаљ машна, кој ѝ дал доза елеганција и женственост.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















