Гуруто на спонзорушите ја шири својата мудрост: “Богатите мажи ги мразат овие женски навики”

970

Ана Беј, шведска влогерка која ја води онлајн програмата “School of Affluence” преку која ги учи спонзорушите како да привлекуваат богати мажи, објавила видео на Јутјуб во кое ја споделува својата мудрост.

Таа објавила еден видео туторијал со наслов “Шест работи кои ги прават жените и со кои ги одбиваат богатите мажи”, а првата работа која ја навела е дека “богатите мажи сакаат жената да носи лак за нокти”.

“Дури и ако сте биле на маникир. Богаташите сакаат жената да носи лак, па дури и да е во беж боја”, тврди таа. Како друга “грешка” таа го навела претераното користење на паметните телефони и додала дека богаташите велат дека оваа навика посебно ги нервира. Ана смета дека причината за тоа е што богатите мажи сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Беј тврди дека моќните мажи не сакаат кога жената носи премногу шминка.

“Секогаш носам шминка, експериментирам со неа, но морате да се погрижите да не изгледа како да носите премногу”, вели таа.

“Богаташите не сакаат кога жената надвор носи премногу провокативна облека”, тврди таа и нагласува дека треба да се облекувате во склад со приликата.

Гуруто на спонзорушите наведува и дека пцуењето е работа која мажите ја мразат и додала дека пред нив секогаш треба да се однесувате женствено. Како последна работа во потрага по спонзор, Ана Беј го навела давањето на пари.

“Секогаш сум за тоа мажот финансиски да ѝ помага на жената и да ја опсипува со материјални добра. Тоа е многу мажествено”, вели таа, но нагласува дека никогаш не треба директно да барате пари.

“Можете да кажете дека постои нешто околу кое ви треба финансиска помош или дека сакате да поседувате некои работи кои не можете да си ги приуштите”.

Инаку, 32-годишната Швеѓанка веќе некое време живее во Лондон, а тврди дека од својата 18-та година е опкружена со моќни мажи и дека точно знае како тие размислуваат и што сакаат.