Во септември годинава во земјава вкупно се потрошени 373.518 мегават часови електрична енергија, 19,406 милиони нормални кубни метри природен гас, 368.114 тони јаглен и 95.577 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 100 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,9 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
-Во септември 2025 година е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено, односно вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесува 391.740 мегават часови, што претставува 4,9 отсто повеќе од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Во септември 2025 година во однос на септември 2024 година потрошувачката на природен гас е намалена за 15,5 отсто, како резултат на намалената активност на когенеративните постројки, додека потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 13,2 отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















