8 причини зошто на добрите момци им е тешко да најдат девојка

225

Иако жените најчесто тврдат дека сакаат добри момчиња, тие лесно се вљубуваат во лошите момци. Па, дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така?

Ова се 8 причини зошто добрите момци не можат лесно да најдат девојка, ако веќе мора да генерализираме:

1. Нивната личност не е толку привлечна

Никој не може да биде (премногу) добар цело време. Ако сте премногу зафатени со обидот да бидете најдобри во светот (наместо едноставно да бидете природни), жените веројатно инстинктивно ќе бегаат, бидејќи ќе се сомневаат во вашите намери.

2. Немаат самодоверба

Можеби на вашата партнерка првично ќе ѝ се допадне идејата што ќе може да го контролира секој ваш потег, но тоа брзо станува здодевно. Ако барате дозвола и одобрување за секој чекор, наскоро вашата партнерка ќе почне да се чувствува како да ви е мајка, а не девојка.

3. Предвидливи се

Да не се лажеме, предвидливоста е досадна. Како и да е, повеќето луѓе многу лесно влегуваат во рутина, затоа не сакаат другата личност во нивниот живот да биде предвидлива.

4. Лошите момци се предизвик

Жените сакаат да мислат дека ќе можат да го сменат партнерот и да го вратат на вистинскиот пат. Иако тоа ретко се случува, ги привлекува предизвикот.

8-pricini-zosto-dobrite-momci-ne-mozat-lesno-da-najdat-devojka-001.jpg

5. Добрите момци понекогаш ја испраќаат пораката: „Слаби сме“

Во некои случаи, на прв поглед е јасно дека добрите момци се плашат од губење на партнерот. Иако емотивноста сама по себе не е лоша, никој не сака постојано да го убедува партнерот дека навистина го сака и дека нема да го напушти.

6. Веднаш разговараат за заедничко живеење и брак

Ок, ова може да биде прилично застрашувачко. Не правете го ова на првиот состанок. Ниту на десеттиот.

7. Лошите момци се попривлечни

Кога станува збор за интимност, некои жени во кревет сакаат да доживеат вистински оган и стравуваат дека со добрите момци тоа нема да се случи.

8. Добрите момци не се толку шармантни

Едноставно, флертувањето не им оди најдобро. Но сето ова не значи дека треба лошо да се однесувате кон својата партнерка. Исто како и во сè друго во животот, треба да најдете златна средина и лесно ќе ја освоите жената за која сонувате.