22-годишно момче од Македонија загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера наутро во 6.30 часот по локално време на Халкидики, во Грција. Уште едно 21-годишно момче е повредено во сообраќајката и со скршена рака е сместено во болница. Според неофицијалните информации, и двајцата биле од Гевгелија.
Сообраќајката се случила на патот Полихроно-Ханиоти, кога сега починатото 22-годишно момче, од непознати причини, изгубило контрола над возилото и тоа се превртело, пренесува „Халкидикињуз“. Возачот бил на летување на Халкидики, загинал на самото место, а излетал низ шофершајбната.
Совозачот во автомобилот, 21-годишникот со повреди, е префрлен во болницата во Полигиро.
Истрага за несреќата води полицијата од Неа Мудања.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















