Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, беше самокритичен по неочекуваниот пораз од Брајтон во 2.коло од Премиер лигата.
Манчестер вчера загуби, но тоа што ги загрижува навивачите на тимот од „Олд Трафорд“ се играта на нивните миленици и трите примени гола.
– Сите во тимот сме свесни дека со таков пристап не може да се дојде до целта. Почнувам прво од себе, а потоа тоа важи и за другите. Не се залагавме доволно. Во иднина мора да дадеме повеќе, да се бориме, да се трудиме, рече Французинот.
Погба се осврна и на грешките што се повторуваат.
– Направивме некои грешки кои никако не смеевме да ги направиме. Сепак, верувам дека оваа сериозна лекција ја научивме. Одиме понатаму и верувам дека ќе бидеме подобри на следните натпревари.
Манчестер Јунајтед во првото коло го победи Лестер потешко од очекувањата (2:1), по што следуваше поразот од Брајтон (2:3).
Во следното коло, на 27 август Јунајтед е домаќин на Тотенхем.






![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)





















