Жителите на индискиот град Јаландар и околината во сојузната индиска држава Пунџаб, како што велат, по прв пат после повеќе децении можат да ги видат Хималаите поради помалата загаденост на воздухот како последица на корона вирусот.
„По прв пат после речиси 30 години можев јасно да ги видам Хималаите поради помалку загадениот воздух. Неверојатно!“ се некои од коментарите на социјалните мрежи.
Хималаите може да се видат од речиси 20 км оддалеченост благодарение на драстичното подобрување на квалитетот на воздухот во текот на последните неколку недели, откако Индија воведе карантин поради Корона пандемијата.
Имено, намалена е работата на фабриките, на патиштата има многу помалку возила, а авиокомпаниите ги сопреа летовите. Во извештајот на Централниот одбор за контрола на загадувањето во Индија се наведува дека вкупно 85 градови ширум земјата забележале помало загадување уште во текот на првата недела од карантинот.
Индија е една од најнаселените земји во светот, а индиските градови се меѓу најзагадените. Дури 21 од 30 најзагадени градови во светот се во Индија, според Извештајот за квалитетот на воздухот во светот во 2019 година.
Целата нација е во карантин повеќе од две недели, а премиерот на Индија, Нарендра Моди нареди целосна забрана за излегување од дома.






![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)





















