Според последните информации, 8 јужнокорејски туристи го загубија животот, а уште 20 лица се водат како исчезнати во бродската несреќа на реката Дунав во главниот град на Унгарија, Будимпешта.
Речниот крузер „Викинг Сигин“ синоќа околу 21 часот по локално време налетал на малиот брод со јужнокорејски туристи на Дунав во Будимпешта. После ударот, крузерот го преврти бродот, по што засега е потврдено дека осум лица го загубија животот.
Се претпоставува дека до несреќата дошло поради лошото време, но допрва ќе се истражува која е точната причина за трагедијата.

„Викинг Сигин“ е во сопственост на компанијата „Викинг Крузери“, американска компанија со седиште во швајцарски Базел. Како што откриваат унгарските медиуми, станува збор за крузер со 95 кабини, ресторан, библиотека, голема тераса, градина и уште многу занимливости кои им се на располагање на патниците.
Долг е 135 метри, широк 12 метри и тежи илјада тони. Овој луксузен крузер може да се движи со брзина од 12 до 15 километри на час. Патниците можат да престојуваат во три типа на соби – стандардна соба, соба со француски балкон и соба со тераса.

Во моментот на судирот, на малиот туристички брод „Сирена“ се наоѓале 33 лица. Најмалиот патник било шестгодишно девојче, а најстариот бил 71 годишен маж. Најголемиот дел од патниците биле туристи од Јужна Кореја, а на бродот имало двајца членови на бродскиот екипаж.
Како што може да се види на снимката погоре, набрзо после судирот, малиот брод се превртува, по што за само неколку минути целосно потонува во водите на реката Дунав.






![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)

![[ФОТО] Објавена листата на „најкул“ улици во светот: Таму се одвива вистинскиот градски живот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/pKZ5W-screenshot-5-218x150.jpg)


















