Жика од “Браво бенд” ограбен во Грција, им прснале непознат спреј под врата и им влегле во собите!

333

Четири македонски семејства рано утринава биле ограбени за време на нивното летување во вила Ангелика во Неа Врасна во Грција.

Настанот се случил додека сите спиеле, околу четири часот наутро, а им биле одземени само парични средства. Помеѓу ограбените туристи е и музичарот Живко Динев од Струмица, познат како поранешен бас гитарист и вокал на ,,Браво бенд’’. Тој и неговата сопруга Ана останале без 600 евра, и вознемирено раскажале за настанот за Фокус.

-Во вилата бевме сместени во сопствена режија, односно не дојдовме преку некоја агенција, ниту пак имаме склучено некаков договор. Наши пријатели беа на летување во друга вила, во соседството, и тие ни резервираа соба во Ангелика. Кражбата многу не вознемири, посебно поради начинот на кој се случи. Ние спиевме со заклучена врата. Значи, во сите четири соби во вилата крадците оперирале на ист начин. Во разговор со полицијата дознавме дека ни прснале некаков спреј под вратата, некое средство кое што прави да паднеш во длабок сон, па затоа сите уште поцврсто сме заспале и не почувствувавме кога влегле. Полицијата ни потврди дека и во минатото крадци правеле вака, влегувале во соби и краделе на ист начин. Не слушнавме апсолутно ништо, додека ние омамени спиевме, тие претурале, ни ги нашле и ни ги одзеле парите. Кога станавме утринава сите се чувствувавме како дрогирани, нервозни – раскажуваат Диневи.

Не знаат за каква течност се работи, но велат дека се среќни што се живи и настанот завршил само со материјална штета. Тие додаваат дека им биле одземени 600 евра, а на туристите во останатите соби по 200 евра. На еден од туристите, кој во паричникот ја носел златната бурма, му ги одзеле исто така само парите, а златото го оставиле.

loading...