„За него имав прецизен план“: Селин Дион раскажа како ја изгубила невиноста на Евровизија

884

Селин Дион ќе го памети својот настап на песна за Евровизија во 1988 година, но не по победата на ова најголемо музичко натпреварување во Европа, туку по една значајна работа која ѝ се случила таму.

 

Светската ѕвезда, 53-годишната музичка икона Селин Дион, во 1988 година се појавила првпат на големата сцена на Евровизија која тогаш се одржувала во главниот град на Ирска – Даблин.

Таа ја претставувала Швајцарија со песната „Ne partez pas sans moi“, а во тесната борба благодарение на гласовите, Португалката ја однела победата на натпреварувањето.

Многу години подоцна Селин признала дека истата таа вечер ја изгубила невиноста со човекот кој многу го сакала.

„Беше тоа во Даблин, тој незаборавен ден – 30 април 1988 година, вечерта кога се натпреварував на Евровизија“, изјавила Селин во интервју.

Потоа појаснила како дошло до тој интимен чин

„Се врати со мене во мојата соба. Седев на креветот, а потоа ги покрив стапалата со ќебето. Бев среќна што сум сама со човекот којшто го сакав. И, имав многу прецизен план“, раскажала пејачката.

Станувало збор за нејзиниот иден сопруг, музичкиот продуцент Рене Анжели кој од славната пејачка е постар дури 26 години.

Таа во една прилика признала дека во него се заљубила кога имала само 12 години, а дека за чувствата кои ги имала кон него му признала пет години подоцна.

Тие се венчале кога таа наполнила 20 години, но пред шест години Анжели починал од канцер на грлото.

Селин тоа тешко го поднела, а во повеќе наврати раскажала дека тој бил љубовта на нејзиниот живот и дека со никого освен со него немала сексуален однос.

Тие имаат и три деца, синовите Рене-Шарл, Еди и Нелсон Анжеил.