Во тек е акција на БЕГ за бесплатен приклучок на централното греење во Скопје

0
122

За десет дена колку што трае акцијата за бесплатно приклучување кон системот за централно греење со кој управуваат лиценцираните компании основани од БЕГ АД пристигнале 110 барања за приклучок во новата грејна сезона 2018/2019 година, соопштија од БЕГ.

Акцијата за бесплатен приклучок ќе трае до 15 септември 2018 година, потоа до 30 септември корисниците ќе плаќаат 50 проценти од предвидените трошоци за оваа услуга. Од 1 октомври приклучувањето ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник.

Споредено со истиот период минатата година, интересот за приклучување кон системот за топлинска енергија е зголемен за над 50 отсто.

-Повеќегодишното подобрување на квалитетот на услугата и намалувањето на цената која во периодот од 2013-та до 2018-та година вкупно се намали од 33 проценти до 66 отсто, во зависност од категоријата на потрошувачи, очекувано го зголеми интересот кај потрошувачите, велат од БЕГ.

Од топланата информираат дека подготовките за новата грејна сезона се одвиваат согласно планот, што е гаранција за непречен старт и одвивање на истата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here