Вардар го забележа и вториот пораз од Барселона во групната фаза, овој пат во Блауграна (34:26).
Иако првите 30 минути беа навистина жестоки за „црвено-црните“ кои им пружија силен отпор на момците на Пасквал, кои на полувреме имаа само еден гол негатива (16:15), сепак на почетокот од вториот дел, Барселона го растури Вардар за 9 минути и си ја обезбеди победата.
Јасен е податокот каде беше решен победникот, во првите 9 минути од вториот дел во Блауграна, Барселона направи 8-1 серија, во тие моменти Вардар како да беше маѓепсан и можеби неверувајки во себе дека неможат да ја добијат Барселона овде (за прв пат), попуштија под притисокот.
До крајот на натпреварот, Барселона ја одржуваше позитивната гол разлика и оствари сигурна победа.
Дејан Милосављев беше светлата точка на Вардар со 15 интервенции, а најубавата акција се случи на средина од вториот дел, кога Карачиќ му асистира на Дисингер, овој реализираше цепелин, кој беше испратен со овации од домашните навивачи.
Иван Чупиќ беше најдобар стрелец кај Вардар со 5, Дисингер постигна 4 погодоци.