Унијата меѓу САД и Западна Европа постигна извонредни работи. Таа освои две светски војни во првата половина на 20 век. Потоа се прошири, вклучувајќи ги поранешните непријатели и победи во Студената војна. Помогна за ширење на демократијата и за постигнување на највисок животен стандард (во западните земји), каков светот некогаш познавал. Претседателот Трамп се обидува да го уништи овој сојуз.
Дали навистина го прави ова намерно? Кој знае …
Невозможно е да се ѕирне во неговата глава и да се погодуваат неговите стратешки цели, ако тој воопшто си поставува долгорочни цели. Но да речеме вака: ако еден претседател на САД нацрта некаков таен, конкретен план за уривање на Атлантскиот сојуз, овој план зачудувачки би ги носел белезите на однесувањето на Трамп.
Тој би вклучувал отворено непријателство кон лидерите на Канада, Велика Британија, Франција, Германија и Јапонија, би вклучувал претпочитање кон пресметки по измислени проблеми – не за да се освојат големи отстапки за САД, туку за да се создаваат конфликти заради самите конфликти.
Таен план за уништување на Западот би претпоставувал исто САД да побараат нови сојузници во замена за веќе несаканите. Најочигледен би бил Русија – најголемиот ривал во Европа на Германија, Франција и Велика Британија. И токму како што делува Русија, САД, поставувајќи си за цел да ја уништат Атлантската алијанса, би започнале да се мешаат во внатрешните работи на други земји, да поставуваат нови влади таму, кои исто така го отфрлаат стариот сојуз.
Внимание, внимание, внимание. Трамп ја прави секоја од овие работи. Тој одлучи да не присуствува на целосниот состанок на Г-7. Додека бил таму, тој барал кавга. Можеби веќе сте ја виделе фотографијата објавена од германската влада – Трамп седи со скрстени раце додека Ангела Меркел и другите (западни) лидери го заобиколиле, со прекорувачки погледи. Јапонскиот премиер Шинзо Абе изгледа буквално во чај. Не е ни чудо. Главните несогласувања на средбата беа за царините кои Трамп ги наметна по лажни причини. Тој тврди дека тој едноставно враќа на активностите на другите земји.
На ист начин тој лажеше за родното место на Барак Обама, за сопствената позиција по војната во Ирак, за бројноста на луѓето, (во Вашингтон), кои се собраа по повод преземањето на функцијата, за статистиката за убиствата, за мексиканските имигранти, за руската истрага, за парите за молчењето на Сторми Даниелс и стотици други прашања. Со царините сепак тој не истакнува реален проблем, туку го претставува невистинито. Тој се заканува на Атлантскиот сојуз, користејќи една лага.
Ако ви требаат повеќе докази, погледнете ги неговите постови на Твитер. Оние кои внимаваат на неговите зборови во мрежата (на кои не им завидувам), знаат дека тој често ги обвинува другите, дека ги прават неговите сопствени гревови. Во саботата тој го нарече канадскиот премиер Џастин Трудо „многу нечесен“. Додека Трудо и другите традиционални сојузници се презираат, Владимир Путин, Ким Џонг-ун и други авторитарни владетели се фалат. Трамп и неговите помошници „ги удираат по рамо“ екстремно десничарските политичари во Германија и во други земји. Во Квебек се обиде да побара изговори за руската анексија на Крим и се залагаше за повторен прием на Русија во Г-7.
Конзервативниот писател Џеј Нордриџ праша: Зошто тој (Трамп) зборува како водител на руската владина телевизиска мрежа „Russia Today“ финансирана од Кремљ?
Не го знам одговорот. Но, крајно време е сериозно да се гледа на единственото можно објаснување за однесувањето на Трамп: тој сака да го уништи Западниот сојуз. Ова може да биде прашање на идеологија, а тој (Трамп) го претпочита авторитаризмот во стилот на Путин, наместо демократија. Или, тој нема некаква стратегија, а Путин навистина има некои компромитирани информации за него и го држи под свое. Или можеби Трамп само сака да биде против сето она, до кое се држеше секој современ американски претседател.
Без оглед на причината, неговото однесување бара одговор кој е сериозен како и заканата.
Како што истакна политикологот Брендан Најен, изминатиов викенд беше прифатен како пресвртна точка: „Западната Унија и глобалниот трговски систем е подложен на истата напнатост што ја создаде Трамп во нашите внатрешни институции“.
За традиционалните американски сојузници одговорот бара откажување од сталожен оптимизам, кој го карактеризира првичниот пристап предвиден од Трудо и францускиот претседател Емануел Макрон. Меркел е пример за вистинскиот пристап. Таа е потврда, избегнувајќи непотребна ескалација, бидејќи ги разбира заканите на долгорочен план.
За сопартијците на Трамп, ова значи ставање на интересите на земјата над партијата. Неколку (истакнати) републиканци, како Џон МекКејн, постојано изразуваат загриженост во текот на изминатите два дена. Сега се очекува конгресмените да направат нешто повеќе отколку да пишуваат нервозни твитови. Тие мора да понудат легислатива за спречување на Трамп, и да го сослушаат за да се разјаснат неговите мотиви.
За американските гласачи тоа значи да се сфати вистинскиот залог на претстојните среднорочни избори. Тие не се само референдум за намалување на даноците, планови за здравствена заштита или неконвенционален стил на претседателот. Тие се референдум за американските идеали кои се постари од секој од нас.