Таканаречен „патник низ времето“ трврди дека дошол од 2714 година направил и видео снимка во која истакнува дека вонзмски брод ќе слета на Земјата за време на претстојниот метеоролошки дожд – Персеиди.
Тој истакнува дека тоа ќе се случи 11 август 2021 година, отприлика во времето кога астрономите предвидуваат дека нашата планета ќе помине низ најгустиот дел на Персеидите.
– Да, јас сум прв патник низ времето од 2714 година. Нешто неверојатно ќе се случи 11. август 2021 година. Ќе настане голем метеорски дожд кој ќе трае две недели и ќе се види на северната хемисфера – наведува тој и додава:
– Еден од метеорите ќе изгледа поразличен од останатите. Тоа е затоа што брод ќе слета на Земјата и започнува подготвка за прва “NOZIC” војна – истакнува таканаречениот патник низ врмето.
Таа мистериозна војна за која никој досега не слушнал, тој тврди дека ќе започне 2025 година
Во други постови тој тврди дека Атлантида ќе биде пронајдена 2022 година и дека вонземјаните ќе се инфилтрираат во светските влади 2023 година, додека колонизација на Марс ќе започне 2028 година.