Шекеринска: Словенија е најдобар показател на формулата за успех, Македонија знае дека тоа е вистинскиот пат

321

Словенија ја потврдува поддршката за евроатланската интеграција на Македонија и заедно со државите членки на НАТО се надева дека Македонија успешно ќе го помине тој пат, а граѓаните ќе го направат вистинскиот избор на референдумот во септември и наскоро ќе седнете на истата маса како полноправна членка на НАТО.

Ова го порача денеска министерката за одбрана на Република Словенија Андреја Катич која престојува во официјална посета на Република Македонија.

– Словенија го поздравува договорот со Република Грција. Се разбира дека требало попуштање и од двете страна, но јазикот ќе остане и натаму македонски, националноста македонска и се надевам дека македонските граѓани на референдумот ќе го направат вистинскиот избор. Сите членки на ЕУ сметаат дека македонската Влада добро ги спроведува активности кон нејзиното идно членство во Алијасната. Референдумот е институт на демократскиот поредок и овозможува изразување на волјата на народот. Затоа е уште поважно гараѓаните на Македонија да учествуваат на него и да ја изразат нивната волја, изјави министерката Катич на заедничката прес-конференција со нејзината македонска колешка Радмила Шекеринска.

Шекеринска потенцира дека Македонија треба да го следи примерот на Словенија и да ја примени нејзината формула за успех, која, според министерката е вистинскиот пат за земјата и дека граѓаните треба на референдум да потврдат дека сакаат таква иднина.

– Македонија и Словенија по независноста избраа ист пат, но за жал со различна брзина. Словенија беше државата која прва стана членка на НАТО и прва се приклучи на ЕУ. И не случајно е што Словенија ги има највисоките и просечни и минимални плати во регионот и најдобрите стандарди во делот на областите што се важни за граѓаните.  Примерот со Словенија е најдобар показател за формулата за успех и за нас. Македонија знае дека тоа е вистинскиот пат и убедени сме дека на 30 септември граѓаните на референдум ќе потврдат дека посакуваат таква иднина за себе, за своите семејства, за своите деца, истакна министерката Шекеринска.

Двете министерки денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се унапредува и досега добрата соработка во одбраната меѓу двете земји.

Шекеринска очекува дека Меморандумот што се потпиша денеска меѓу една земја членка на НАТО и земја аспирант,  дека на крајот на неговата реализација тоа ќе биде соработка меѓу две полноправни  членки на НАТО.