Протекоа нови фотографии од новиот iPhone XS, еве што знаеме за него

127

ве недели пред Apple да ги претстави своите нови играчки, 9to5Mac објави некои фотографии од уредите. Фотографиите делуваат легитимно, доаѓаат со релативно проверени извори, а на нив може да се погледне новиот iPhone XS и четвртата серија на Apple Watch.

iPhone XS

Што се однесува до iPhone, имаме можност да погледнеме дека се работи за два нови уреди со 5.8 и 6.5 инчни екрани. Знаеме дека доаѓаат во две големини, дека ќе има тенки рабови и доаѓа во нова златна боја.

 9to5Mac истакнува дека називот iPhone XS е потврден и дека веројатно ќе се задржи, а станува збор за премиум модели кои ќе доаѓаат со премиум цени. Она што не можеме да погледнеме на фотографијата е третиот, поефтин модел, кој ќе има речиси сè како и премиум моделите.

Apple Watch Series 4

Што се однесува до паметниот часовник, четвртата генерација на Apple Watch има далеку поголем екран на кој има простор за многу повеќе информации, а како и со новите паметни телефони, новата генерација доаѓа со подобри перформанси.

Сепак, ќе почекаме до 12 септември кога официјално ќе можеме да погледнеме што сè ни подготви Apple, но нема сомнеж дека до тогаш ќе имаме уште неколку нови информации.

loading...