Повеќето луѓе не можат да го воочат леопардот на оваа фотографија, можете ли вие?

1802

Кој би рекол дека волку големо животно ќе биде тешко за воочување? Фотографот Саураб Десаи снимил чудесна фотографија од долината Спити и со неа предизвикал расправа на социјалните мрежи.

На прв поглед се чини дека ова е една вообичаена фотографија од природата, но доколку погледнете малку подобро, ќе забележите голем снежен леопард на неа. Или сепак нема?

Многу луѓе не можеле да го воочат леопардот и им била потребна мала помош во тоа. Ние ве предизвикуваме и вас да пробате да ја пронајдете оваа голема мачка, но доколку тоа не ви оди, ве сфаќаме – сепак станува збор за леопард кој со своите шари совршено се камуфлира во својата околина.

Луѓето велат дека човекот речиси никогаш не може да го воочи ова животно, но затоа тоа секогаш ги воочува нив. Испробајте ја својата среќа во потрагата, а доколку сепак ви е потребна помош, погледнете ја фотографијата во продолжение.