Поранешен соиграч на Кристијано Роналдо: „Го малтретираа, но никогаш досега не сум сретнал таква личност“

789

Одлучноста и опсесијата на Кристијано Роналдо се причините поради кои тој е еден од најдобрите играчи на светот, тврди неговиот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед.

Мадс Тим бил млада надеж на Манчестер Јунајтед на почетокот од овој век, а со Кристијано Роналдо тренирал три години откако Португалецот во 2003-та година им се приклучил од Спортинг Лисабон.

Данскиот фудбалер бил поставен пријателски кон Роналдо и покрај тоа што останатите нивни сиграчи се шегувале на негова сметка и не им бил посебно омилен, затоа што португалскиот репрезентативец не се плашел да биде свој.

„Како мене, и него го малтретираа кога дојде во клубот. Со својата коса, која што набрзо ја потстрижи и со своите речиси акробатски обиди да ги импресионира тренерите“ – изјавил Тим кој што потоа именувал двајца играчи на кои што не им било непријатно да го оговараат Роналдо.

„„Додај сега, само додај по ѓаволите“, постојано му довикуваа Гери Невил и Оле Гунар Солскјер кога имаа натпревар. Посебна работа кај Кристијано Роналдо беше тоа што секогаш влегуваше во конфликт со хејтерите. И победуваше“ – објаснил Данецот за „The Sun“, па продолжил:

„Беше целосно рамнодушен кон останатите соиграчи. Не им посветуваше многу внимание на другите. Беше само ЈАС, ЈАС, ЈАС. Кристијано Роналдо CR7“.

Шесте години поминати на Олд Трафорд, на Кристијано му помогнаа да стане најдобриот фудбалер на светот, пред да замине во Реал Мадрид за рекорден износ од 90 милиони евра, во 2009-та година.

„Тој не е најдобриот фудбалер со кој што сум играл, но е најфокусираната личност која што некогаш сум ја сретнал“ – заклучил Тим.