Од следната година намалување на старосната граница за пензионирање – Еве за која професија ќе важи

657

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на Денот на рударите од Македонска Каменица најави дека од следната година ќе се донесат законски измени за намалување на старосната граница за пензионирање на рударите. Имено, мажите ќе можат да одат во пензија со навршување на 40 години работен стаж, а жените со 35.

– Не да чекаме да поминат 3 години за да им дадеме една година плус, туку, за секоја година ќе се пресметува бенефицираниот стаж и кога ќе го наполнат потребниот работен стаж за пензионирање, тие ќе се пензионираат.

Доколку Владата го донесе Законското решение, во рудникот за олово и цинк „Саса“ од Македонска Каменица, условите за одење по пензија од 1-ви јануари идната година ги исполнуваат 40 рудари, а заедно со останатите рудници бројката не е поголема од 130 лица.

– Тоа не е оптоварување на пензискиот фонд, и мислам дека од тоа отстапка нема. Министерката вети и сигурно ќе се исполни.

Во однос на висината на платите, првиот синдикалец на „МЕСО“ вели дека, после протестите добиле линеарно покачување од 5 500 денари, но смета дека просечната плата од 650 евра не е доволна младите луѓе да се определат за оваа исклучително тешка професија.

– Со покачување на плата во иднина, барем да стигне до некои 1000 евра, јас мислам дека ќе има доволен број на рудари и во рудник „Саса“ и во останатите рудници во Македонија – додаде Насковски,

За најдобар рудар беше избран Душко Тодоровски, машинист на тролеј локомотива, за кој приоритет е безбедноста и здравјето на рударите.

– Во „Саса„ сум редовно 28 години, без бенефиции. Со бенефициран стаж имам 38 и пол години.

Поради несреќата во рудникот „Тораница“, каде пред 4 дена загина рудар под одрон на камења во ископна јама, Пробиштип и Крива Паланка годинава ја откажаа свеченоста по повод „Денот на рударите“, 28 август.