NBA колумна на Димитар Младеновски – Portland Trail Blazers = најсилниот тим за кој никој не зборува!

968

Најскапиот тим во NBA – по договори кој ке бидат исплатени на играчите за сезоната која следи. Еве зошто Blazers-и имаат доволно силен состав за да се вмешаат во борбата за самиот врв на NBA лигата.

Кога ке се спомне Portland Trail Blazers прва асоцијација е нивниот главен адут, феноменалниот Damian Lillard кој е неспорно еден од најдобрите бекови во кошарката. Од страотно потценет играч во последните години прерасна во вистински лидер и докажа дека едноставно е невозможно да биде игнориран. Вториот играч во тимот C.J. McCollum е профил на поентер по кој голем број на тимови би го сметале за прва опција. Кога на својот динамичен бековски тандем ке се надоврзе Босанецот Jusuf Nurkic, поентерот Rodney Hood како и новодојдените Hassan Whiteside и Kent Bazemore, Blazers-и на хартија имаат и тоа како моќен прв борбен ред. Клупата на тимот претрпе големи промени во текот на летниот период и е можеби најголем прашалник во моментов но, при подетална анализа неспорно се забележува потенцијалот на младите играчи кој ке ги одмараат стартерите.

По разочарувачкиот пораз од New Orleans Pelicans со чисти 4:0 во плејофот сезона 2016/2017 Портланд со речиси истиот тим успеа во сезоната која измина да покаже дека не само што научиле од грешките во минатото туку и дека зрелоста и посветеноста на играчите достигнала далеку повисоко ниво. Ланската сезона беше една убава приказна за тимот од Орегон а нивните фанови се гладни за уште повеќе. NBA експертите нивниот прогрес не го видоа како некое големо изненадување.  Предводени се од суперстар а поседуват и опасен офанзивен арсенал на речиси сите позиции. Но, застрашувачки делува колку овој тим вистински може уште повеќе да се подобрува во тимската игра и во резултатска смисла да има рапиден напредок следнава сезона.

Здравјето е секогаш главен фактор за успехот на секој колектив, заедно со тимската хемија која веќе ја има во тимот. По катастрофалната повред на “Bosnian Beast” – Jusuf  Nurkic во Март, докторите прогнозираат долга пауза по страотната скршеница која ја преживеа. Но најсилна одлика на “Nurk” e напорната работа и заразно позитивниот карактер кој верувам дека ке го врати на теренот побрзо од очекувањата како и посилен од било кога. Ретко паметен висок играч, подеднакво опасен во нападот и одбраната.

Blazers летово се подновија со еден од најдобрите и најнеискористените центри во лигата. Од Miami Heat преку трампа пристигна Hassan Whiteside кој тренерот Terry Stotts ке најде начин максимално да го искористи. Колку и да е критикуван за богатиот договор кој го доби на Флорида на “Hass” не може да му се забележи што не доби доволно шанса за игра во предходниот шампионат. Поголемата минутажа која ке ја добие во отсуство на повредениот Nurkic ке биде вистинска шанса да докаже дека сеуште се наоѓа во друштво на нјаквалитетните високи играчи во NBA. Тоа не беше и единствената трампа која се случи во преодниот рок.

Од Atlanta Hawks пристигна одличниот шутер Kent Bazemore a преку драфтот го доведоа Nassir Little кој е ултра талентиран играч со страшни физички карактеристики. Bazemore е миленик на навивачите на секој тим во кој настапувал a Little доколку покаже барем пола од онаа игра која ја прикажа во средношколсите денови би било еднакво на премија за управата на Portland. Во најмала рака Портланд доби посилни опции на 2 и 3 од она што го имаше до вчера, а во случај нешто да тргне наопаку секогаш во овие двајца има т.н. “trade chip” во ракавот (примамливи играчи за размена во друг тим).

Успеа да го задржат Rodney Hood за релативно низок договор кој претставува огромен плус за тимот. На клупата за резерви се наоѓа и 20 годишниот плеј Anfernee Simons кој иако не доби многу минатажа лани за тоа колку Portland смета на него во иднина доволно говори податокот што беа одбиени преку 10 примамливи понуди од други тимови за да го доведат во своите редови. Потенцијалот, брзината и дисциплината која ја поседува, атипична за возраста која ја има го прави редок примерок и таргет на секој тим. Но не е единствен млад талентиран потенцијал од клупата за резерви. Во тимот е неуморниот борец Gary Trent Jr. кој исто како и неговиот татко кој играше во Портланд од 1995 до 1998 год. како главни одлики ги поседува цврстината во дуел играта, сила за борба под обрачите и глад за успех.

Пристигнувањето на хрватското крило Mario Herzonja дојде како изненадување за многумина, исто како и доведувањето на ветеранот Anthony Tolliver кој треба да помогне околу развивањето на младите момци во тимот. Ова се уште двајца од плејадата нови играчи кој пристигнаа во последните месеци. Иако воиграноста на секој тим кој ке доведе толку нови играчи секогаш бил доведуван во прашање, треба да се има верба дека и овој пат како и предходно тимската хемија нема да биде проблем. Во тимот од “RIP CITY” како што го нарекуваат градот на Северозападот од Америка и тоа како има причини за оптимизам иако изгубија голем број на играчи.

Од тимот заминаа исто толку голем број на играчи колку и што пристигнаа а како најважни се двоецот крила Al Farouq Aminu и преплатениот Evan Turner. Замина и нивниот најдобар 6-ти играч Мaurice Harkless како и подеднакво важниот центар Meyers Leonard кој во пакет за Hassan Whiteside завршија во Miami. Лани останаа без Ed Davis кој имаше повеќе од успешна сезона и при крајот на првенството се чувствуваше отсуството на енергија која ја носеше со себе. Можеби најголемо изненадување преставуваше фактот што не го задржаа турскиот центар Enes Kanter кој за пола сезона стана миленик на публиката и како слободен играч премина на Истокот, во Boston Celtics. Иако на прв поглед изгледа дека “блејзерси” загубија голем дел од својот колектив сепак она што за возврат го добија не е нималку полошо од она што го поседуваа, дури напротив.

Ако треба да се резимира накратко, Portland е далеку од супер тим – профил на кој се навикнавме во последната декада да ја освојува шампионската титула. Но не ретко досега колективи кој не биле фаворити совладувале многу посилни тимови. Лани тимот на Toronto Raptors како и шампионот од 2004 година, тимот на Detroit Pistons се еклатантен пример како тимската игра носи врвен резултат. За многумина Blazers е тим “Giant killer”, способен да победи секого и да парира на најдобрите секоја вечер. Плејоф натпреварите носат сосема друга димензија. Веќе некое време во кулоарите протекува информација дека нивниот поранешен најдобар играч All-Star крилниот центар LaMarcus Aldridge од ден на ден е се поблиску до враќање во старото јато. “LA” мина цели 9 сезони како играч на Blazers и ги имаше своите најсветли години токму во “Rose Garden” каде се промовира во голема NBA ѕвезда пред да потпише богат договор со ривалот од Западната конференција, тимот на San Antonio Spurs. Доколку останат здрави и нивната прва виолина Damian Lillard има сезона од MVP калибар (која лично тој ја најавува) нема да претставува изненадување токму градот од Орегон набрзо да го гледаме во финале (за прв пат од 1992 година). Portland Trail Blzaers, најсилниот тим за кој никој не зборува.

NBA FAN

  Димитар Младеновски