NBA-Чикаго против Јута како во старите добри времиња (ВИДЕО)

795

Повозрасните љубители на кошарката, се сеќаваат на исклучително возбудливите дуели помеѓу Чикаго Булс и Јута Џез. Овие два тима се судрија во големото финале, две години по ред, при крајот на деведесетите (1997 и 1998 година). По долго време, и двата колектива имаат сосема сериозни и квалитетни тимови. Синоќа во (легендарниот) “Јунајтед центар” се случи реприза помеѓу историските ривали.

Првото полувреме беше неизвесно, и се играше кош за кош. Како што се ближеше полувремето, “биковите” со течна игра и прецизен шут почнаа да го превземаат водството. “Џезерите” ја враќаат неизвесноста преку Џо Инглс и Донован Мичел со успешни обиди за три поени. Во второто полувреме, Чикаго го одржува минималното водство, пред се поради брзата игра која ја диктираат сезонава.

Прецизните шутеви од дистанца на Алекс Карусо и Демар Дерозан му носат водство на својот тим од +10 на 6 минути пред крајот. Бојан Богданович, со тројка, ја враќа неизвесноста на нешто повеќе од минута до крајот, и го враќа тимот од Солт Лејк Сити на -4. Набзо следува одговор. Вучевич постигнува тројка а веќе во следниот напад Лавин го храни Дерозан во контра напад за забивање и точка на натпреварот. Конечни 107-99 за “булси”.

Поентерскиот товар, повторно го поднесе бековскиот тандем на “биковите”. Демар Дерозан и Зек Лавин, како и до сега во првенството, повторно беа водечки стрелци за домаќините. Дерозан беше прв стрелец со 32, следен од Лавин со 26 постигнати поени. Одлично издание имаше и црногорскиот репрезентативец, Никола Вучевич, кој имаше дабл-дабл ефект од 16 поени и 12 скокови. На спротивната страна, Донован Мичел беше најдобар стрелец со 30 постигнати поени.

Со новиот триумф, Чикаго е четвртиот тим на Истокот, по Мајами, Њу Јорк и Вашингтон со скор 5-1 сооднос на победи и порази.

NBA FAN

Димитар Младеновски