Надал: Ферер заслужи подостоинствен проштален натпревар

347

Најдобриот тенисер на светот Рафаел Надал смета дека Давид Ферер заслужи подостоинствен проштален натпревар од Гренд слем турнирите, од оној кој двајцата го одиграа во првото коло на Ју-Ес опен.

Поради повреда на раката 36-годишниот Ферер му го предаде натпреварот на Надал при резултат 3:6 и 4:3 и ја заврши кариерата на Гренд слем турнирите.

– Очекував тежок натпревар со Ферер, бидејќи тој сака да игра. Ова беше негов последен натпревар на Гренд слем турнир, па очекував да излезе на терен и да ужива. Тој го направи тоа, но навистина ми е жал поради она што подоцна му се случи. Но, тоа е животот. Заслужи повеќе и сигурен сум дека ќе го освои последниот турнир на кој ќе настапи, истакна Надал.

Ферер во текот на кариерата освои 27 АТП титули, а најдобар пласман имаше во јули 2013 година кога беше на третата позиција во светот.