Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС, е поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на Филипче, сите тројца летото го поминаа на скапата јахта на Заев, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче како верен послушник на Заев, го прави тоа што неговиот ментор ќе му го заповеда. Поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на СДС од страна на Филипче, е еклатантен пример за тоа дека Зоран Заев се уште ја води партијата во сенка. Да се потсетиме, овие тројца заедно ги поминаа летните денови на скапите плажи во Грција, на скапата јахта на Зоран Заев, уживајќи во парите кои Заев и Филипче ги испокрадоа од државата со што ги осиромашија граѓаните, кои преживуваа со едвај 150 денари на ден. Венко Филипче не го интересира напредокот на СДС, затоа и го поставува Александар Трајановски за потпретседател на партијата, човек кој ги загуби изборите во Аеродром токму како нивен кандидат, истакна Манасиевски.
Во недостиг на вистински кадри и луѓе кои и мислат добро на СДС, Филипче става луѓе кои се блиски до него и Зоран Заев. Реформите кои ги најави Филипче во СДС, мора да почнат со неговата оставка. Срамно е до каде ја доведе некогаш големата СДС, додаде тој.






![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)





















