Ќе се реставрира вечното почивалиште на Тоше Проески

422

Општината Крушево деновиве почна со активностите за изработка на проект за изградба на достоен вечен дом на Тоше Проески на Гумење. Крушевскиот градоначалник Томе Христоски информираше дека Владата донела одлука за одобрување и префрлање средства од Министерството за култура на сметката на општината Крушево.

” Владата на Р. Македонија на последната седница донесе одлука и програма за доделување средства, кои ќе бидат префрлени од Министерството за култура во општината Крушево за изградба на спомен-обележје, достоен вечен дом на нашата музичка поп-икона, сограѓанин и другар Тоше Проески. Активностите за изработка на проект почнаа завчера “, откри Христоски.

На 13 октомври, пак, во арената “Борис Трајковски” во Скопје ќе се одржи концерт во чест на Тоше на кој ќе настапат најголемите домашни и балкански музички ѕвезди, а посхумно ќе биде промовиран и материјалот “Secret place”  кој ќе содржи десет песни на англиски јазик.