Кајмакоски има нова девојка – ја покажа понежната половина (ФОТО)

512

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски овие денови заслужено одмора по долгото работно лето во Белград.

Тој на својот Инстаграм профил секојдневно споделува фотографии дека е на море, а според фотографиите може да се забележи дека тој е очигледно многу среќен.

Особено една фотографија покрена бура на реакции, бидејќи на истата има и женски нозе, а потоа тој објави фотографија како наздравува со пиво, а на истата се гледа повторно женска рака.

Дали Кајмакоски има нова девојка по разделбата со Кристина Димитриевска засега останува мистерија, но едно е сигурно, пејачот ужива во животот максимално.